
Динамо Москва ја отвори новата сезона на КХЛ со триумф од 2-0 против АК Барс Казањ.
Домаќините постигнаа по еден гол во втората и во третата третина, а стрелци беа Иван Игумнов и Иван Муранов.
На мрежата на победничкиот состав стоеше Илја Коновалов, кој со 24/24 одбранети удари запиша шут-аут на дебито во новата средина.
Пред почетокот на натпреварот, симболично, пакот на ледот го спушти легендарниот Александер Овечкин, кој држи бројни рекорди во НХЛ, а кариерата ја започна токму во Динамо.