
Хокеарскиот клуб Динамо Москва денес го прослави својот 75. роденден со триумф од 4-1 над Кунлун Ред Старс.
Кинескиот состав беше безмилосно казнет од Динамо, поради својата недисциплина во првите две третини.
Имено, гостите, после четириесет минути игра, губеа со 3-1 и сите три погодоци ги примија додека имаа играч помалку на ледената плоча.
Единствен хокеар што успеа да го ,,матира” домашниот голман, Иван Бочаров, беше напаѓачот на Ред Старс, Паркер Фу, за израмнување на 1-1.
Од друга страна, двоен стрелец за славениците беше Станислав Галиев, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Антон Ведин и Ерик О’Дел.
Со петтата победа во низа, Динамо остана на второто место на Западот, додека Кунлун е претпоследен во Источната конференција.