Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер (18.45 часот) во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола ќе се обидат да дојдат до втората победа по ред во Лигата на Европа против унгарскиот тим Татабања.
“Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, изјави левото крило Гоце Ојлески.