Во рамките на второ коло од најсилната Бундеслига тимот на Вецлар оствари гостинска победа над Минден со резултат од 24:29. Македонскиот ветеран Филип Миркуловски во победничкиот тим три пати прецизно стрелаше во противничката мрежа.
Вецлар тешко играше во првиот дел и го загуби тој дел од играта каде што на полувреме резултатот гласеше 15:13 во корист на Минден. Во вториот дел тимот се консулидира ја стегна одбраната, постигна неколку лесни гола и затоа на крајот и дојде до победа.