Рајо Валјекано вечерва ја пречекува Барселона во осминафиналето во Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е максимално мотивиран и подготвен да ја заштити својата мрежа во дуелот со големиот фаворит.
Столе на социјалните мрежи објави снимка од еден од последните тренинзи, на која покажува дека е расположен за бранење. Вечерва сигурно ќе биде изложен на многу шутеви и ако Рајо приреди сензација, нашиот голман ќе биде еден од јунаците.
Столе на последниот тренинг пред натпреварот против Барселона:



