Арсенал го официјализираше ангажманот на Мартин Одегард од Реал Мадрид, кој во Лондон пристигна на позајмица до крајот на сезоната. Офанзивниот играч за врска привремено ќе ги брани боите на ,,Топчиите”, но во договорот склучен со ,,Кралевите” нема опција за откуп на услугите на Одерагд.
Норвежанецот беше во потрага по поголема минутажа откако изминатиов период беше запоставен од страна на Зинедин Зидан. Артета воедно доби креативец на кого ќе може да смета, откако клубот се ослободи од Месут Озил минатата недела.