На официјалниот профил на Светското ракометно првенство на „Твитер“ објавен е клип посветен на македонскиот национален тим, за којшто првенството веќе е завршено. Нашите ракометари ги снимаат и направено е уметничко видео како специјална благодарност што ,,Црвено-жолтите” учествуваа на Мундијалот.
Во пораката на домаќинот до Македонија гласи вака: „Неверојатен тим, неверојатни гости. Беше убаво што ве имавме на СП Египет 2021“, порачаа организаторите. Во прилог и видео: