Третиот голф турнир од новата сезона на Европскиот тур беше Сауди Интернешонал, одржан во Саудиска Арабија.
Истиот важи за еден од поновите турнири, земајќи го предвид фактот дека во текот на изминатиот викенд беше одржано неговото трето издание.
По вторпат, како крал на Саудиска Арабија се покажа Дастин Џонсон, кој стигна до деветтата титула на Европскиот тур.
Американецот доминираше во текот на сите четири дена, забележувајќи само едно ,,буги” и едно ,,двојно буги”, за конечен резултат од (-15).
Второто место го поделија уште двајца искусни голфери, односно Тони Финау и Џастин Роус со по (-13) освоени поени.
Пласманот во топ 5 го комплетираа Калум Хил и Виктор Перез, кои ја поделија четвртата позиција со учинок од (-12).
📸 Hector Vivas/Getty Images