
Џилонг Кетс се вторите полуфиналисти на АФЛ, откако ја прескокнаа четвртфиналната рунда со денешната победа од (11.12) 78-72 (10.12) над Колингвуд Мегпајс.
За Кетс, ова беше вкупно петнаесетти триумф во низа и четврт по ред на меѓусебните дуели со Колингвуд.
Во текот на мечот владееше резултатската неизвесност при која, максималната предност што ја достигна еден тим беше деветнаесет поени (Мегпајс во првата четвртина).
Од победничките редови хет-трик постигнаа Гери Роан (3.1) и Џереми Камерон (3.2).
На спротивната страна, најефикасен беше Еш Џонсон (2.2), кој доживеа повреда, а по него следуваше Џордан Де Гои (2.0).
Во четвртфиналето, Колингвуд ќе ги одмери силите со Бризбејн Лионс или со Фриментл Докерс.