
Во премиерниот меч од осумнаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Џилонг Кетс ги декласираа Фриментл Докерс со убедливи (3.13) 31-100 (14.16).
За ,,Мачките”, ова беше тринаесетта победа годинава, која ги искачи на првата позиција, но со натпревар повеќе во однос на Мелбурн Демонс.
Од друга страна, Докерс се сè уште во плејоф-зоната на осмото место, но за да останат таму, неопходен им е пораз на најблиските конкуренти.
Во текот на целиот натпревар, Џилонг имаше резултатска позитива, а клучна за победата беше втората четвртина што ја доби со 4-33.
За Докерс, по еден гол на мечот постигнаа Тревис Колјер (1.1), Мајкл Волтерс (1.1) и Ендру Брејшоу (1.0).
На спротивната страна, најефикасни беа Том Хокинс (4.1) и Патрик Денџерфилд (3.1).