Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години вечерва го заврши ЕХФ шампионатот во Скопје иако славеше убедливо над Косово со 33:16. Оваа победа беше доволна само за третото место во групата Б откако Фарски Острови оствари победа над Холандија од 29:22 и си го заверија патот во полуфиналето. Андреа Седлоска беше најефикасна со 8 постигнати гола, додека по 4 голови во нашата репрезентација имаа Младеновска, Јанкуловска и Ризовска.