
По четврт пат на меѓусебните дуели, Њујорк Јенкис ги совладаа Торонто Блу Џејс, откако синоќа славеа со 0-4.
За канадскиот тим, ова беше четврт пораз на последните пет средби, додека Јенкис дојдоа до деветтата врзана победа.
Гостите постигнаа три поени во четвртиот и еден поен во шестиот ининг, а во листата на поентерите се запишаа Ентони Рицо, Глејбер Торес (х2) и Ајзеа Кинер-Фалефа.
Од фрлачите, одлична партија со осум страјк-аути имаше гостинскиот стартер – Џејмсон Тејлон.
Во Американската лига, Торонто (37-28) остана на третото место, додека Јенкис (49-16) се убедливо први.




