
Осумнаесетгодишната македонска фудбалска надеж, Теа Божиновска, го напушти ЖФК Скопје и направи мега-трансфер во Хрватска, односно во Риека.
Божиновска ја започна својата кариера во ЖФК Џиџи под менторство на Снежана Трпевска, а потоа, освен на ЖФК Скопје, ги бранеше боите и на ЖФК Тиверија.
Исто така, младата фудбалерка играше и за У19 селекцијата на Македонија, а неодамна доби и повик во сениорскиот состав.
Имено, Божиновска ќе има можност да дебитира за сениорскиот национален тим на претстојната пријателска средба против Косово на 22 јуни.
Освен Божиновска, во Риека играат уште две македонки – Даниела Велеска и Јулија Живиќ.