
Флорида Пантерс дојдоа на само четири поени од осигурување на првото место во Источната конференција, откако ја запишаа десеттата победа во низа.
Синоќа, Пантерс беа убедливи на гостински терен против Детроит Ред Вингс, каде што славеа со високи 1-6.
Гостите од Санрајс го завршија поголемиот дел од работата во втората третина кога забија четири погодоци, а во третиот дел додадоа уште два гола на своето конто.
Стрелци за победничкиот состав беа Ентони Дуклер, Сем Рајнхарт, Антон Лундел (х2), Максим Мамин и Густав Форслинг.
На спротивната страна погоди само Пиус Сутер за намалување на тогашни 1-5.
На Истокот, Флорида останува на првата позиција, додека Детроит го зазема единаесеттото место.