
Единствениот натпревар од синоќешната НБА програма беше воедно и дербито на дното на Источната конференција.
Имено, после серијата од четири порази, Детроит Пистонс дојдоа до првиот триумф, совладувајќи ги Орландо Меџик со 120-134.
Првото полувреме беше динамично со промена на водството и на двете страни, додека двете последни четвртини поминаа во знакот на гостите од Мичиген.
За Детроит, неверојатна партија пружи Садик Беј до 51 постигнат кош, а дабл-дабл запишаа Марвин Бегли (20 поени и 11 скокови) и Ајзеа Стјуарт (16 поени и 10 скокови).
Од противничкиот табор, најефикасни беа Франц Вагнер и Теренс Рос со 26, односно со 17 поентирања.
На табелата, Детроит (19-51) остана на претпоследната позиција, додека Орландо (18-53) го зазема последното место.




