
Во првото хокеарско градско дерби на Њујорк во 2022, Ајлендерс ги поразија Ренџерс со 1-2.
Во првата минута од втората третина, Ајлендерс стекна предност, откако Андерс Ли погоди за почетни 0-1.
Дванаесет минути подоцна, Крис Крајдер израмни на 1-1, со тоа што беше единствен хокеар, кој ја затресе мрежата на одличниот Илја Сорокин (96,67%).
Во третиот дел, Ајлендерс дојдоа до првата меѓусебна победа на последните три средби со голот на Кајл Палмиери на неполни три минути пред крајот.
Во Источната конференција, Ренџерс останаа на шестото место, додека Ајлендерс ја заземаат десеттата позиција.