
Актуелните вицешампиони на НРЛ, Пенрит Пантерс, ја продолжија својата победничка серија во новата сезона.
Имено, во деветтото коло, Пантерс убедливо ја оправдаа фаворитската улога и ги совладаа Кронула Шаркс со 48-0, за задржување на стопроцентниот учинок.
И во двете полувремиња, денешните домаќини постигнаа по четири полни есеи, односно по 24 поени, пред сè следствено на седумте колосални противнички грешки.
Најистакнат поентерски учинок имаше Чарли Стејнс (11′, 66′, 76′), кој забележа хет-трик, а освен него, по четири поени постигнаа уште Џејмс Фишер-Херис (5′), Стивен Крајхтон (18′), Мет Бартон (28′), Вилијаме Кикау (50′) и Метју Ајзенхут (79′).
Освен полагачите, стопроцентен од шутерската позиција беше Нејтан Клери со 8/8 прецизни конверзии.
На табелата, Пенрит се осамна на врвот, додека Кронула ја зазема тринаесеттата позиција.



