
Вотфорд, во седмото коло од Чемпионшип, славеше над Мидлсброу со 2-1 и ја продолжи серијата на десет меѓусебни натпревари без пораз.
На мечот, Мидлсброу стекна рано водство преку Родриго Муниз (4′), но дваесет минути подоцна, Исмаила Сар (24′) израмни на 1-1.
До истекот на деведесеттата минута владееше изедначена игра, но трите поени на ,,Викериџ Роуд” ги остави Вакун Бајо (90+3′) во судиското продолжение.
За фудбалерот од Нигерија, кој стигна во дресот на ,,Стршлените” од белгискиот Шарлуа, ова беше дебитантски погодок во новата средина.
На овој меч, Вотфорд играше со црно-бела гарнитура во чест на стогодишнината од првиот одигран меч на актуелниот стадион.
На табелата, победничкиот состав скокна до четвртата позиција, а Мидлсброу падна на дваесеттото место.




