
Во третото коло од групната фаза на одбојкарското СП, Аргентина, после два и пол часа, го совлада Египет со 3-2.
За претставниците на Јужна Америка, оваа победа значеше и пласман во наредната рунда како една од четирите најдобри третопласирани екипи.
Од друга страна, Египет го освои првиот и единствен бод, но не успеа да го избегне последното место во групата Ф.
По сетови, резултатот на овој натпревар гласеше 27-25, 26-28, 24-26, 25-17 и 15-6.
Кај победничката екипа, двоцифрен број на поени постигнаа Бруно Лима (23), Агустин Лосер (19), Факундо Конте (18) и Мартин Рамос (12).
Кај Египет, десет или повеќе поентирања имаа Реда Хаикал (10), Мохамед Масуд (12), Мустафа Мохамед Иса (13) и Ахмед Шафик (16).




