среда, јуни 7, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(ВИДЕО) Дали е ова најдобриот нисколигашки натпревар во историјата?

Епов Насе ✏️ Епов Насе
април 10, 2023
📁 Спорт, Фудбал
📸 Twitter: @ Wrexham_AFC

Најстариот професионален клуб од Велс, Рексам и најстариот професионален клуб од Англија, Нотс Каунти, водат рововска битка во Националната лига.

Имено, двете екипи се борат за титулата, убедливо оставајќи ги зад себе сите конкуренти, рушејќи бројни рекорди како први тимови во постоењето на првенството со над сто бодови.

Во четириесет и третото коло, на меѓусебниот дуел на ,,Рејскурс Граунд” во Велс, Рексам победи со 3-2 во убедливо најголемиот натпревар во историјата на петтата лига.

Во финишот на првото полувреме, со првиот гол после 2016, водство на гостите од Нотингем им донесе Џон Босток (45+4′) со фантастичен шут од слободен удар.

На стартот на вториот дел, Пол Малин (50′), со триесет и петтиот погодок сезонава, му донесе израмнување на домаќинот, кој набргу поведе преку Џејкоб Менди (69′).

Иако Малин е најдобар стрелец на својот тим, сепак не го држи првото место во лигата, бидејќи најефикасниот голгетер, Мекоули Лангстаф постигна четириесет и еден гол токму за Нотс Каунти.

Sound 🆙

🔴⚪️ #WxmAFC | #WXMNOT pic.twitter.com/IRtfH04FA6

— Wrexham AFC (@Wrexham_AFC) April 10, 2023

Шест минути по водството на ,,Црвените”, израмнување на ,,Страчките” им донесе капитенот Кајл Камерон (75′).

Радоста на ,,Црно-белите” траеше само три минути бидејќи Елиот Ли (78′) им донесе конечно славје на домашните навивачи.

Сепак, најголемиот делириум на трибините го предизвика голманот Бен Фостер, кој длабоко во судиското надополнување му одбрани пенал на Кедвин Скот (90+7′) и ги остави трите бода во Рексам.

Имено, Фостер е познат по своето премиерлигашко искуство, а кај новите лидери на Националната лига пристигна пред само две недели, откако се врати од пензија.

На табелата, со натпревар и со три бода повеќе во однос на денешниот ривал, Рексам го држи првото место.

Од лигата, само првопласираната екипа изборува директна промоција во Лиг 2, додека тимовите од второто до седмото место играат плејоф.

Рексам чека промоција цели дваесет години, откако веќе шеснаесет сезони е ,,заглавен” во петтата дивизија, додека Нотс Каунти се надева на повраток во професионалниот фудбал после тригодишно отсуство.

Ben foster with a massive save hes had 2 poor performances and then pulls off a massive save #WrexhamAFC #WelcomeToWrexham #WrexhamFX #WxmAFC #wrexham #WXMNOT pic.twitter.com/6tiAv7BA8L

— leejones (@gymdude_16) April 10, 2023
Tags: англијаВелсНешонал ЛигНотс КаунтиРексамФудбал
ShareTweet
Претходна вест

Промаши пенал, па направи пресврт во судиското продолжение: Салфорд славеше против Вимблдон

Следна вест

Кизиќ ПРВ голман! Талески и Танкоски ВТОР стрелец и асистент во СЕХА

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Стружани одлични во триатлон лигата во Хрватска (Фото)
Останато

Стружани одлични во триатлон лигата во Хрватска (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јун/2023
Јанеска со 12.гола донесе победа над шампионот
Ракомет

Јанеска со 12.гола донесе победа над шампионот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јун/2023
Митоска и Далипоска од Стружанка, како и нашата Гулицоска која игра во Чаир во конкуренција за АLL-STAR
Ракомет

Митоска и Далипоска од Стружанка, како и нашата Гулицоска која игра во Чаир во конкуренција за АLL-STAR

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јун/2023
Poetry Run славеа на Охрид трчаТ во штафетен полумаратон
Останато

Poetry Run славеа на Охрид трчаТ во штафетен полумаратон

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
04/Јун/2023
Следна вест
Кизиќ ПРВ голман! Талески и Танкоски ВТОР стрелец и асистент во СЕХА

Кизиќ ПРВ голман! Талески и Танкоски ВТОР стрелец и асистент во СЕХА

Последно

(Видео) Александра Јанева со нова прекрасна песна и спот

Стружани одлични во триатлон лигата во Хрватска (Фото)

Згодната битолчанка Матеа е МИС НАЈДОБРО ТЕЛО (Фото)

Јанеска со 12.гола донесе победа над шампионот

Митоска и Далипоска од Стружанка, како и нашата Гулицоска која игра во Чаир во конкуренција за АLL-STAR

Poetry Run славеа на Охрид трчаТ во штафетен полумаратон

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.