Во моментов се играат четвртфиналните натпревари во Сеха лигата во кои нашите претставници Еурофарм Пелистер и Вардар нижат победи. Според индивидулалните статистики се издвојуваат тројца ракометари од нашите клубови.
Во моментов голманот на Еурофарм Пелистер репрезентативецот Марко Кизиќ го дели првото место во Сеха лигата според процент на одбранети удари 36 %. Доминик Кузмановиќ и Морено Цар голманите на хрватскиот вицепрвак Нексе го делат првото место со нашиот Марко Кизиќ.

Филип Талески бомбардерот на Вардар и на репрезентацијата на Македонија е втор стрелец во Сеха лигата со 36 гола зад Оливер Рабек од Татран Прешов со 50 погодоци. Талески има можност да напредува бидејќи следува реваншот против Војводина каде Вардар брани огромна предност од првиот меч, додека Рабек и неговиот Татран вчера беа елинирани од Еурофарм Пелистер.

Марио Танкоски средниот бек на Еурофарм Пелистер во моментов е втор асистент во Сеха лигата со 14 асистенции заедно со Никола Ивановиќ од Татран Прешов. Пред нив на првото место е само Никола Зецевиќ од тимот на Партизан со 18 асистенции.
