Првиот четврт-финален натпревар од тековната НХЛ сезона го одиграа Колорадо Аваланш и Далас Старс.
На патот до најдобрите осум, Колорадо ги елиминира Аризона Којотис (4-1), а Далас беше подобар од Калгари Флејмс (4-2).
Синоќешниот меч заврши со 3-5 во корист на Далас. Головите паѓаа речиси наизменично, но по првата третина Далас стекна сигурна предност од 1-3. За ,,Ѕвездите” погодија Тајлер Сегуин, Блејк Комо и Александар Радулов, додека за Колорадо стрелаше Нејтан Мек Кинон.
Во втората третина, Радулов повторно погоди за Далас, а по еден гол за Аваланш постигнаа МекКинон и Габриел Ландеског.
Во третиот дел, Далас само ја завери победата од 3-5 со голот на Ропе Хинтц, кој го постави конечниот резултат.



