Актуелните вицешампиони, Далас Старс, синоќа го остварија најубедливиот триумф во новата НХЛ сезона, откако ги совладаа Нешвил Предаторс со убедливи 7-0.
Првата третина заврши без голови со блага доминација на Нешвил, но веќе после четириесет минути игра, Далас водеше со 5-0.
Стрелци за Старс беа Џоу Павелски, Александер Радулов (х2), Денис Гурјанов и Еса Линдел.
На почетокот на третиот период, Предаторс направија промена на голманската позиција, при која, Пека Рине го замени Јуусе Сарос.
Сепак, ниту вториот Финец не успеа да ги лимитира домаќините, кои уште двапати ја затресоа противничката мрежа. Павелски по вторпат се запиша во листата на стрелците, а последниот гол беше дело на Јоел Кивиранта.
За Далас, ова беше прв одигран меч во новата сезона, додека Нешвил, по двете воведни победи, запиша два врзани порази.
📸 Glenn James/NHLI via Getty Images