
Синоќа, Далас Маверикс ги поразија Феникс Санс со 111-101 и ја израмнија меѓусебната серија на вкупни 2-2.
Маверикс имаа предност во текот на цел натпревар, стекната со одличниот шут за три поени (20/44).
Дабл-дабл од победничките редови запиша Лука Дончиќ (26 поени и 11 асистенции), а втор стрелец беше Доријан Фини-Смит со 24 поени од осум прецизни тројки.
Од противничкиот табор, две двоцифрени статистики имаше Деандре Ејтон (14 кошеви и 11 скокови), а целата игра во нападот ја предводеше Девин Букер (35 поени).