
Бостон Бруинс ја израмнија осминафиналната серија против Каролина Хурикејнс на 2-2, откако синоќа славеа со 5-2.
Во првите две третини, Хурикејнс поведуваа во два наврати, а Бостон двапати израмни за да стекне недостижна резултатска предност во третиот период.
Од редовите на гостинскиот состав, во листата на стрелците се запишаа Брет Пеш и Џордан Стаал.
На спротивната страна, двапати погоди Бред Маршан, а Патрис Бержерон, Џејк ДеБраск и Давид Пастрнак по еднаш го совладаа Анти Раанта.