
Јута Џез го започнаа овосезонскиот плејоф со ,,брејк”, совладувајќи ги Далас Маверикс на гостински терен со 93-99.
Во поголемиот дел од првите две четвртини, позитивата беше на страната на Далас, но гостите ја презедоа контролата во второто полувреме.
Поради повреда, кај Далас го немаше Лука Дончиќ, а во негово отсуство, најефикасни беа Џејлен Брансон и Спенсер Динвиди со 24, односно со 22 поени.
Кај Јута, 32 кошеви уфрли Донован Митчел, а уште 26 поентирања имаше Бојан Богдановиќ.




