
Далас Маверикс синоќа им го нанесоа четвртиот пораз на последните пет средби на Индијана Пејсерс, декласирајќи ги со 132-105.
Маверикс водеа во текот на цел натпревар, а во второто полувреме ја удвоија разликата што ја поседуваа во првите две четвртини.
Најефикасен поединец кај победниците беше Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок од 30 поени, од 6 скокови и од 12 асистенции.
Од неговите соиграчи, две двоцифрени статистики имаше Макси Клебер (15 поени и 14 скокови), а Реџи Булок додаде уште 23 кошеви.
Во составот на Пејсерс, Домантас Сабонис уфрли дабл-дабл (21 кош и 15 скокови), а Двејн Вашингтон Џуниор беше попрецизен од него со 22 поени.
Далас (29-21) го зазема петтото место на Западот, а Индијана (18-23) е дури тринаесетти тим во Источната конференција.




