
Првиот овосезонски натпревар во КХЛ беше воедно и реприза на минатосезонското финале.
Имено, актуелните шампиони, ЦСКА Москва, го поразија составот на Металург Магнитогорск со убедливи 6-2.
После првата третина, Металург водеше со 0-2, откако мрежата на Адам Рајдеборн ја затресоа Павел Аколжин и Семјон Кошелев.
Во втората третина, домаќините имаа реализација од високи 27,78% (5/18), постигнувајќи пет голови, на кои им додадоа уште еден погодок во третиот период.
Од редовите на популарните ,,Армејци” реализираа пет различни хокеари, односно Михаил Григоренко (х2), Павел Карнаухов, Семјон Панкратов, Сергеј Плотников и Данил Јуртајкин.