
Во првото коло од хокеарската Лига на шампиони, Цирих го совлада Фехервар АВ19 со убедливи 1-7 на гостински терен.
Претставниците на Швајцарија постигнаа по три гола во непарните третини, а на нив им додадоа уште еден погодок во вториот период.
Стрелци за победничкиот состав беа пет различни хокеари, односно Јаник Вебер, Свен Андригето, Симон Боденман (х2), Денис Холенштајн (х2) и Алесандр Тесие.
Од домашните редови, единствен, кој ја затресе мрежата на Симон Хрубец (96% одбранети шутеви) беше Истван Тербоч за намалување на 1-3.
Сепак и покрај поразот, Фехервар АВ19 испиша историја со тоа што стана првиот унгарски тим, кој заиграл во ЛШ.
Во првото коло од групата А, победа запиша и бранителот на титулата, Регле, совладувајќи го Катовице со 4-5.