
Полуфиналната серија на КХЛ помеѓу ЦСКА Москва и СКА Ст. Петербург ќе биде одлучена после ,,мајсторка”, откако вкупниот резултат гласи 3-3.
Имено, на шестиот меѓусебен дуел, ЦСКА, како домаќин, дојде до конечна победа од 3-1.
После две третини, на семафорот стоеше 1-1, а во листата на стрелците се запишаа Михаил Григоренко за домаќините и Валентин Зиков за гостите.
Во третиот период, ЦСКА ја круниса подобрата игра со два гола, постигнати од Витали Абрамов и од гореспоменатиот Григоренко на празна мрежа.
Решавачкиот двобој е закажан за четврток со почеток од 18.30 часот по македонско време, а победникот ќе игра во финалето со Металург Магнитогорск.