Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра првиот од двата последни бараж меча за пласман на СП против Чешка. Натпреварот се игра во Злин, во салата „Датарт“, со почеток во 20:15 часот и ќе биде пренесуван на МТВ 3.
„Следува последен бараж за Светското првенство. Чешка е сериозна репрезентација која играше многу добро на Европско првенство. Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, ќе кажам дека се работи 15 до 20 отсто за повоиграна репрезентација. Но тоа нема да не исплаши, можеби ќе им ја препуштиме фаворитската улога на Чесите, меѓутоа нашата цел е јасна, сакаме на Светско првенство“, изјави селекторот Кире Лазаров.