
ЦСКА Москва ја стекна првата ,,меч-топка” во финалето на КХЛ, поведувајќи со вкупни 3-1 против АК Барс Казањ.
Во четвртиот дуел од битката за Гагарин купот, ,,Армејците” го искористија домашниот терен и триумфираа со 2-1.
За гостите, сè започна на посакуван начин, односно со голот на Кирил Семјонов после десет минути игра.
Сепак, до крајот, ЦСКА успеа да направи целосен пресврт, благодарение на Антон Слепишев и на Владислав Каменев.