Голден Арт со одлична игра во вториот дел славеше убедлива победа против Струга со 35-27 во 11. коло во плеј-аутот од Суперлигата.
Во првиот дел се играше израмнето каде домашните со два гола во финишот заминаа на полувремето со предност 17-14. На стартот од второто полувреме Голден Арт отвори одлично се одлепи на 20-14 и тука го реши натпреварот.