
За првпат после 2016, Чикаго Булс ги поразија ЛА Лејкерс во лигашките натпревари, откако синоќа славеа со 103-121.
Играта беше резултатски неизвесна во првото полувреме, но веќе во третата четвртина, Булс стекнаа предност од +25 и рутински дојдоа до нов триумф.
Од победничкиот состав, најефикасни беа ДеМар ДеРоузан, Лонзо Бол и Зек ЛаВин со 38, со 27 и со 26 поени.
На спротивната страна, по 20+ кошеви уфрлија три играчи, односно Тејлен Хортон-Такер (28), Расел Вестбрук (25) и Ентони Дејвис (20).
На табелата на Источната конференција, Чикаго (10-4) го дели второто место со Бруклин Нетс, додека Лејкерс (8-7) се седми на Западот.