
Иако влегоа релативно лошо во новата сезона, актуелните шампиони, Атланта Брејвс, поврзаа четиринаесет победи што претставува најдолга низа во 21. век од страна на бранител на титулата.
Сепак, победничката серија на Брејвс беше прекината синоќа од страна на Чикаго Кабс, кои славеа со минимални 1-0.
Единствениот поен на натпреварот беше постигнат во осмиот ининг, кога Џонатан Виљар освои четири бази по ударот на Кристофер Морел.
Стартните фрлачи и на двете страни, Чарли Мортон (Брејвс) и Киган Томпсон (Кабс), одиграа фантастични партии со по девет страјк-аути и ниеден допуштен поен.
Во Националната лига, Атланта (37-28) го држи петтото место, а Чикаго Кабс (24-40) ја заземаат тринаесеттата позиција.