
На 19 јуни 2018, во Нотингем, Англија постигна 481/4 поени против Австралија и постави светски рекорд за најдобар удирачки учинок на интернационален еднодневен крикет натпревар.
Сепак, денес во Амстелвеен, овој рекорд беше срушен, откако Англичаните постигнаа неверојатни 498/4 поени во првиот ининг против Холандија.
За гостинскиот состав, нула, односно еден поен имаа Оин Морган и Џејсон Рој, а фантастични беа Фил Солт (122), Давид Малан (125), Џос Батлер (162*) и Лиам Ливингстон (66*).
Единствен со два викети кај Холанѓаните беше капитенот Питер Сеелаар со учинок од 2-83 за девет оувери.
Во вториот ининг, домаќините дојдоа до 266/10 (49.4), иако беше очигледно дека ќе го загубат мечот уште во почетната фаза од удирањето.
Од англиските фрлачи, најдобар беше Моеен Али (3-57), а од холандските редови, најефикасни беа Скот Едвардс (72*) и Макс О’Дауд (55).