
После четири одиграни натпревари, Чикаго Булс (4-0) е единствената екипа што нема пораз во Источната конференција.
Синоќа, претставниците на Илиноис триумфираа во Канада против Торонто Рапторс (1-3) со 108-111.
Булс го презедоа водството во втората четвртина и до крајот на третиот квартал го зголемуваа до двоцифрена разлика од +22 во еден момент.
Сепак, до крајот Рапторс потполно се вратија во мечот, но не успеаја да триумфираат пред својата публика.
Кај Торонто, Оу Џи Ануноби беше најефикасен со 22 поени, а дабл-дабл во нападот забележаа Фред ВанВлит (15 поени и 17 асистенции) и Прешос Ачиува (11 поени и 11 скокови).
На спротивната страна, најзаслужни за победата беа ДеМар ДеРоузан (26 кошеви), Зек ЛаВин (22) и Никола Вучевиќ (17).



