
Во дербито на триесет и деветтото коло од англиската Национална лига, Честерфилд го порази Вокинг со 0-1.
За Вокинг, ова беше прв пораз на домашен терен во календарската 2023 година, додека Честерфилд дојде до третиот триумф на последните четири средби.
На мечот, единствен прецизен фудбалер беше Оли Бенкс (п. 37′), кој во финишот на првиот дел од белата точка го совлада Вилијам Јааскелаинен.
На табелата, двете екипи се израмнија по бројот на бодови (68), но Вокинг го држи третото место пред четвртопласираниот денешен ривал поради подобрата гол-разлика за два погодока.