
Бостон Бруинс поведоа со вкупни 2-1 во четврт-финалната серија против Њујорк Ајландерс, откако синоќа ги добија после продолжение со 1-2.
Уште во шестата минута, Бруинс стекнаа почетно водство со голот на Крег Смит.
Во третата третина, за домашната екипа израмни Метју Барзал, кој го однесе натпреварот во продолжение.
Дополнителниот период помина со иницијатива на Ајландерс, но сепак после три и пол минути, Бред Маршан им донесе триумф на Бруинс.
На голот на составот од Њујорк стоеше одличниот Семјон Варламов, кој одбрани неверојатни 39/41 противнички шутеви (95,12%).



