
Дербито на десеттото коло од тековната АФЛ сезона беше воедно и неговата увертира.
Во него, Бризбејн Лионс ги совладаа актуелните шампиони Ричмонд Тигерс со резултат од (15.12) 102-74 (11.8).
Во текот на првото полувреме, Ричмонд беше поистакнат тим, но во третата четвртина, Лионс направија клучна серија од 26-9.
Од поразениот состав, хет-трик постигнаа Тим Линч (3.3) и Џек Риволдт (3.1), а поентерски беа расположени уште Џејк Артс (2.1) и Џек Рос (2.0).
Кај Бризбејн, одлична партија со по четири голови имаа Зек Бејли и Ерик Хипвуд.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бризбејн го зазема третото, а Ричмонд – осмото место.



