
Од вкупните осум меѓусебни пресметки во 2021, ЛА Анџелс синоќа ја запишаа четвртата победа над Чикаго Вајт Сокс, совладувајќи ги со 2-3.
На ,,Гарантид Рејт Филд”, поените паѓаа во четири различни ининзи, со тоа што Анџелс поведуваа трипати, додека домаќините успеаја да израмнат само во два наврати.
За домашниот состав, во четвртиот период, Јоан Монкада го запиша својот дванаесетти хоум-ран во сезоната, а во шестата деветтина, Хозе Абреу освои четири бази.
Од противничкиот табор, хоум-ран, по вторпат сезонава, постигна Брендон Марш, кој притоа трчаше успешно уште еднаш, а во листата на поентерите се запиша и Луис Ренгифо.
И покрај поразот, Вајт Сокс (83-62) останаа на третото место во Американската лига, каде што Анџелс (71-74) скокнаа на десеттата позиција и ги задржија шансите за плејоф.