“Магнет“ е насловот на најновата песна и спот на младата пејачка Антониа Гиговска. Хит-мејкерот Лазар Цветкоски, еден од најдобрите продуценти е автор на оваа песна, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи.
Антониа не го менува тимот, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот охриски режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ.
Уживајте во најновата песна на Антониа.