
Египет, иако влезе во нокаут-фазата како третопласирана екипа, успеа да избори пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.
Во првата рунда од плејофот, ,,Фараоните” беа подобри од Брегот на слоновата коска после пенали со конечни 5-4.
Во текот на 120 минути игра, резултатот гласеше 0-0, а најистакнат на теренот беше првиот голман на Египет – Мохамед Ел Шенави.
Сепак, откако направи неколку клучни интервенции, Ел Шанави, поради повреда, беше принуден да му го отстапи местото на резервниот голман Габаски во 88. минута.
Габаски се испостави како човек на одлуката во корист на земјата од североисточна Африка бидејќи во пенал-серијата го одбрани ударот на Ерик Баиј и му закажа дуел на Египет против Мароко во четвртфиналето.
За Египет, сите шутери беа прецизни, а одговорноста ја презедоа Зизо, Амр Ел Солија, Омар Камал, Мохамед Абделмонем и Мохамед Салах.
На спротивната страна, со исклучок на Баиј, мрежата од белата точка ја затресоа Никола Пепе, Ибрахим Сангаре, Максвел Корне и Вилфред Заха.




