
Првата машка индивидуална трка од Светското првенство во биатлон, одржано во Оберхоф (Германија), беше денешниот спринт на десет километри.
Истиот заврши со триумф на Јоханес Тингнес Бо (23:21,7), кој дојде до четиринаесеттото светско злато и покрај едниот промашај.
На второто место се искачи неговиот брат, Тарјеи Бо (+14,8), а норвешкиот хет-трик го комплетираше Штурла Холм Лагреид (+39,9) пред Јоханес Дале (+43,6).
Светскиот шампион во потера од 2019, Дмитро Пидручни (+53,4), заврши на петтата позиција, а под една минута доцнеше уште Ветле Сјастад Кристијансен (+59,7).