
Бостон Бруинс ја запишаа петтата победа на последните шест средби, откако синоќа ги декласираа Њу Џерси Девилс со 8-1.
После првата третина, Бруинс водеа со 2-1, откако на едната страна стрелаа Мет Грзелчик и Џејк ДеБраск, а на другата – Џек Хјус.
Веќе во вториот период, Бостон упати шеснаесет шутеви кон противничкиот гол и заби дури шест погодоци со реализација од 37,5%.
Голгетери за победничкиот состав во вториот сегмент беа Ерик Хаула, Бред Маршан (х2), Патрис Бержерон, Марк МекЛафлин и Тејлор Хол.
Во Источната конференција, Бостон ја зазема седмата, а Њу Џерси – тринаесеттата позиција.