Во петтиот полуфинален меч, Бостон Селтикс славеа со 80-93 над Мајами Хит и направија вкупен пресврт од 3-2.
Мајами беше подоминантен тим во првото полувреме, но со серијата од 32-16 во третата четвртина, Бостон стекна клучна предност.
Од победничките редови, Џејлен Браун уфрли 25 поени, а Џејсон Тејтум направи дабл-дабл од 22 поени и од 12 скокови.
Кај Мајами, Бам Адебајо имаше 18 кошеви и 10 скокови, а втор стрелец со 15 поентирања беше Гејб Винсент.