
Бостон Селтикс се пласираа во финалето на НБА за првпат после сезоната 2009/10, кога загубија со 4-3 од ЛА Лејкерс.
Синоќа, претставниците на Масачусетс, во ,,мајсторката” на гостински терен, ги поразија Мајами Хит со 96-100.
Бостон водеше во секоја секунда од натпреварот, од почеток до крај, пред сè поради одличната прва четвртина, добиена со 32-17.
Од гостинските редови, Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл од 26 поени и од 10 скокови, а Џејлен Браун додаде уште 24 кошеви.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Бам Адебајо (25 поени и 11 скокови), а најефикасен беше Џими Батлер со 35 поентирања.
Во финалето, Бостон ќе игра против Голден Стејт Вориорс, кои ги елиминираа Далас Маверикс со убедливи 4-1.