По трите врзани порази, Бостон Селтикс дојдоа до првиот триумф, откако ја затворија 2021, славејќи со 123-108 над Феникс Санс.
Санс влегоа како благи фаворити во овој меч, но веќе во втората четвртина губеа со максимални триесет поени разлика.
До крајот, Бостон само ја одржуваше предноста и рутински му приреди крај на натпреварот.
Трипл-дабл од победничкиот состав запиша Роберт Вилијамс (10 поени, 11 скокови и 10 асистенции), дабл-дабл постигна Џејлен Браун (24 поени и 11 скокови), а уште 24 кошеви уфрли Маркус Смарт.
На спротивната страна, Девин Букер и Камерон Џонсон беа најефикасни со 22, односно со 20 кошеви.
Во Источната конференција, Бостон (17-19) го држи десеттото место, додека Феникс (27-8) падна на втората позиција на Западот.