Со синоќешната победа од 5-1, Бостон Бруинс славеа на домашен терен против Колорадо Аваланш за првпат после 10 февруари 2019.
Претставниците на Масачусетс во потполност ја издоминираа играта на ледената плоча и заслужено дојдоа до посакуваниот резултат.
Двоен стрелец во победничкиот тим беше Давид Пастрнак, а по еднаш стрелаа Патрис Бержерон, Џејк ДеБраск и Чарли Којл.
На спротивната страна, единствен што го совлада голманот Џереми Свејмен беше Нејтан МекКинон во втората третина за намалување на 2-1.
И покрај поразот, Колорадо остана на лидерската позиција во Западната конференција, додека Бостон е шестопласиран на Истокот.