Во натпревар од Лигата на Европа, со почеток во 18:45 часот во Битола ќе игра против екипата на Кадетен Шафхаузен.
Знаеме каква екипа е Кадетен Шафхаузен. Игравме со нив лани, еве, сега повторно. Се работи за сериозна екипа, со доста добри поединци, но ние покажавме во меѓусебните натпревари дека и ние имаме што да кажеме. Се подготвувавме добро и мислам дека имаме добра прилика да направиме чекор напред за разлика од минатата сезона, така што ни доаѓа интересен натпревар и ќе видиме кој ќе биде епилогот.
За разлика од првиот натпревар, сигурно дека тимот ќе биде засилен, им се вратија играчи кои се важни за нив на чело со шпанскиот репрезентативец Жоан Кањељас кој е доста искусен и тоа се виде на Европското првенство. Тој е еден од најважните играчи. Кадетен Шафхаузен игра паметно и долго, не можам да кажам дека се здодевни, но мора да го издржиме тој специфичен ритам и таа концентрација која ја користат на дуелите. – изјави Стипе Мандалиниќ.